Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода и Црвениот Крст со мерки за полесно справување со високите температури

Обележано возило на Црвениот крст патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода, до граѓаните се дистрибуира и се дели студена вода за пиење, се даваат медицински совети на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом.

 Воедно, совети и корисни информации поврзани за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, од страна на дежурен лекар, граѓаните можат да добиваат на бројот 071 216 823, секој ден од 11 до16 часот.

Сите овие активности се во рамките на проектот “Топлотен бран” кој општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот Крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури. Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во нејзината Програма за 2015 год. на Секторот за месна самоуправа и соработка со невладини организации, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода.

Активностите се реализираат од почетокот на месец јули и ќе траат до почетокот на месец септември.

Споделете:

Scroll to Top