Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации

Општина Кисела Вода со цел да го унапреди и омасови спортот на својата територија, објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и за спортски манифестации.

За материјалната поддршка можат да аплицираат сите спортски субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода. Целта на доделувањето на помошта е подобрување на работењето на спортските субјекти кои се регистрирани и вршат дејност во Кисела Вода, за тековната 2019 година.

 

Пријавувањето кое започна денес, 17.05.2019 година ќе трае 5 работни дена до 23 мај, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан“ бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции – Комисија).

Заинтересираните пријавата за аплицирање на огласот и повеќе информации за истиот може да добијат на страната на Општина Кисела Вода на следните линкови:

Оглас за материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортски манифестации

Пријава за аплицирање

Споделете:

Scroll to Top