Имајќи ги во предвид најавените високи температури кои ќе следуваат во наредниот период и по добиеното известување од Дирекцијата за заштита и спасување за зголемената опасност од настанување на пожари на отворен простор, согласно член 5 став 1 точка 3 од Законот за заштита и спасување и член 54 од Законот за шумите, Општина Кисела Вода апелира за преземање на превентивни мерки и зголемена будност и мобилност од страна на сите граѓани и субјекти на територијата на Општина Кисела Вода за заштита од пожари со препорака:
– да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места
– да не се палат стрништа, меѓи и други површини
– да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња
– да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и
– да не се фрлаат отпадоци од цигари.
Исто така Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.
Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површини во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.