Организациона поставеност на секторите
За извршување на работите од надлежност на органите на општината се организира општинска администрација. Општинската администрација се организира во сектори и одделенија. Општината може да организира општински инспекторат заради вршење на инспекциски надзор над вршење на работите од нејзина надлежност. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот врз основа на предлог на Градоначалникот.
Општинската администрација се организира во следните сектори и одделенија:
1. Сектор за поддршка на Градоначалникот
а) Одделение за координација на активностите на градоначалникот
б) Одделение за општи работи
в) Одделение за развој на информациско-интегративниот систем на општината
г) Одделение за архивски работи
2. Сектор за поддршка на работата на Советот на општината
а) Одделение за организација на општа(пленарна) седница на Советот и работа на телата на Советот
б) Одделение за реализација на општа(пленарна) седница на Советот и работа на телата на Советот
3. Сектор за урбанизам и просторно планирање а) Одделение за планирање на просторот
б) Одделение за изводи, локациски, одобренија за градење и употребни дозволи
в) Одделение за управување со градежно земјиште и јавно наддавање
г) Одделение за регулирање на бесправно изградени објекти
4. Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина
а) Одделение за комунални работи, инфраструктура и сообраќај
б) Одделение за заштита на животната средина
5. Сектор за јавни набавки
а) Одделение за администрирање на јавни набавки
б) Одделение за планирање и спроведување на планот за јавни набавки
6. Сектор за финансиски прашања
а) Одделение за буџетска координација
б) Одделение за сметководство и плаќања
в) Одделение за даноци, такси, за надоместоци и за други сопствени приходи на општината
г) Одделение за буџетска контрола
7. Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт
а) Одделение за образование
б) Одделение за предучилишно воспитување
в) Одделение за култура
г) Одделение за спорт
8. Сектор за нормативно-правни работи
а) Одделение за правни работи
б) Одделение за архивски работи
в) Одделение за имот и имотно-правни работи
9. Сектор за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор
а) Одделение за месна самоуправа
б) Одделение за соработка со невладин сектор
10. Сектор за внатрешна ревизија
а) Одделение за ревизија на усогласеност (регуларност)
б) Одделение за вршење на ревизија на законитоста на работата
11. Сектор за човечки ресурси и обуки
а) Одделение за човечки ресурси
б) Одделение за обуки
12. Сектор за инспекциски работи
а) Одделение за урбанистичка, градежна, патна, сообраќајна, еколошка и комунална инспекција
б) Одделение за даночна инспекција
в) Одделение за вршење на надзор на други работи од надлежност на општината
13. Сектор за локален економски развој
а) Одделение за аналитика и планирање на локалниот економски развој
б) Одделение за поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото
в) Одделение за Енергија,Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија