Врз основа на член 6 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од 28.03.2019 година, Правилник за измена и дополна на Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода бр. 09-4387/8 од 26.04.2022 година и Програма од надлежност В – предучилишно воспитување Програма В1 – предучилишно воспитување за 2022 година, Општина Кисела Вода објавува
О Г Л А С
За доделување награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги од
јавните детски градинки од Општина Кисела Вода
- 1. Право на учество на огласот имаат воспитувачи и негуватели кои се вработени во јавните детски градинки од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од 28.03.2019 година и Правилник за измена и дополна на Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода бр. 09-4387/8 од 26.04.2022 година.
- УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ВРАБОТЕНИ – ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
– Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми
Ред. Бр. |
Критериуми |
Поени |
7. Стручен работник – Дипломиран Педагог
|
● ја планира педагошката и згрижувачко-воспитната работа и учествува во изготвување на Програмата и Извештајот за работа; ● дава инструктивно – педагошка помош на децата, родителите, воспитувачите и негователките и води соодветна евиденција, изготвува прегледи, извештаи, препораки;
|
2,4,6,8,10,12 |
8.Стручен работник – Дипломиран социјален работник
|
● остварува тесна соработка со родителите на децата кои имаат проблем во однесувањето на деца со посебни потреби, на деца на разведени родители се со цел да се заштити психо-социјалниот развој на детето; ● остварува непосредна соработка со децата со проблеми во однесувањето со цел да го насочи детето на правилно однесување и снаоѓање во средината во која живее;
|
2,4,6,8,10,12 |
9.Стручен работник – Дипломиран дефектолог
|
● работи на откривање и следење на деца со посебни потреби; ● врши индивидуален дефектолошки третман кај децата со посебни потреби;
|
2,4,6,8,10,12 |
10. Стручен работник – Дипломиран логопед
|
● врши идентификување на пречки во говрот и корекција на говорната патологија кај децата; ● врши корекција на говорната патологја кај децата-развојна дизфазија, алалија, дислалија (сигматизам, ротацизам, ламбацизам итн…);
|
2,4,6,8,10,12 |
11.Стручен соработник- Музички педагог
|
● подготвува музички содржини, компонира музички содржини, изготвува кореографии за музички игри за реализација на активностите од јавната и културната дејност на јавната детска градинка; ● изведувањето на активностите по музичко воспитување го врши во согласност со Годишната програма и план на воспитувачите по воспитни групи;
|
2,4,6,8,10,12 |
12.Стручен соработник – општа медицинска сестра
|
● води евиденција за евентуалните заразни заболувања и одговорна е за обезбедување на епидемиолошки мерки; ● врши надзор на хигиената во просториите каде претстојуваат децата, на санитарните чворови, кујната, магацинот за храна и другите простории.
|
2,4,6,8,10,12 |
– Кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови и критериуми
1. Да е вработен во воспитно – образовна установа на територија на Општина Кисела Вода.
2. Да има минимум 2 години работно искуство (давател на јавна услуга), независно од статусот на ангажираност (неопределено, определено и привремено ангажирани).
3. Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот и згрижувачки процес, согласно наставните планови и програми за предучилишно воспитување, добиени во последните 2 години од акредитирани установи и институции – (алтернативно).
4. Мислење од Стручниот совет на Градинката во која работат.
5. Изјави од родители чии деца се директно вклучени во воспитно – образовниот и згрижувачки процес од страна на кандидатите (алтернативно).
6.Да нема добиено награда за најдобар давател на јавни услуги во последните 3 години.
- НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Воспитувачот/негователот треба да достави БАРАЊЕ кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги од јавните детски градинки од општина Кисела Вода
Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од давателот на јавна услуга.
Рокот за пријавување започнува од 06.06.2022 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.
Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на најдобар воспитувач и негуватели” – Комисија за доделување на награди за најдобри вработени – даватели на јавни услуги од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода.
Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк: