Search
Close this search box.

Победничкиот пехар за ,,Питу“

Со два фудбалски трилери, заврши плеј-офот во училишната лига , а со тоа заврши и годинешната  училишна спортска сезона во колективните спортови, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.

Полните трибини, громогласното навивање за своите екипи, ги импресионираа актерите на теренот да прикажат добра игра и врвни фудбалски потези. Вредната работа во спортот, секогаш  дава добри резултати. Таква е  успешната приказна со фудбалската екипа на ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“. Во текот на сезоната импресионираа со добрата  тимска организација и од вкупно 9 натпревари успеаа да победат во 8. 

Во финалето на плеј-офот во мал фудбал, избраниците на тренерот Ѓорѓи Мандевски ја совладаа екипата на ОУ,,Кузман Шапкарев“ со 4:3, дури по изведувањето на пеналите. Во регуларниот дел средбата заврши  без голови  0:0.

 

Во натпреварот за бронзениот медал славеше ОУ ,,Круме Кепески“.  Избраниците на тренерот  Игор Зафировски со  3:2,  во пресврт  завршница ги победија своите врсници од ОУ ,,Рајко Жинзифов“. За играч на сезоната  беше прогласен фудбалерот на ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“  Христијан Димов.

Конечни резултати:

Полуфинале: ОУ Р. Жинзифов – ОУ К.Шапкарев  0:2 (0:1), ОУ.К.Кепески – ОУ К.Ј.Питу 7:8 пен.  1:1 (1:0).

Финале: ОУ К.Ј.Питу – ОУ К.Шапкарев  4:3 пен. 0:0,

Натпревар за трето место:  ОУ.К.Кепески – ОУ Р. Жинзифов 3:2 ( 1:0).

 Конечна табела:

1.            ОУ К.Ј.Питу

2.            ОУ К.Шапкарев

3.            ОУ.К.Кепески

4.            ОУ Р. Жинзифов

5.            ОУ Н.Г.Дуња

6.            ОУ Св.К.Охридски

7.            П.Зографски

8.            К.Пејчиновиќ

 

Споделете:

Scroll to Top