Search
Close this search box.

Познатите музички имиња Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка“ вечерва на „Три круши“

Вечерва, со почеток од 20:00 часот, на месноста „Три круши“ на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ концерти ќе одржат познатите музички имиња Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка“.

Од почетокот на културната манифестација, љубителите на добрата музика на повеќе локации во Кисела Вода имаа можност да ги слушнат и видат своите миленици: Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска, групата Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска, Александар Митевски, Драган Спасов – Дац и Кристина Арнаудова.

Културното лето се одржува под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски.

Споделете:

Scroll to Top