Search
Close this search box.

Полуматуранти од ООУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево се запознаа со работењето на графичката компанија БАТО & ДИВАЈН

Проектот на Општина Кисела Вода кој има за цел на деветоодделенците од општинските основни училишта да им помогне при изборот на идната професија продолжува да се одвива со посета на фирми кои егзистираат на територијата на општината.

Денеска полуматурантите од ООУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево ја посетија графичката компанија, специјализирана за индустриско производство, за високо технолошко печатење „БАТО & ДИВАЈН“.

Вработените во компанијата ги запознаа ученциите со нејзиното функционирање, професиите кој им се потребни за успешно работење на истата, а заедно со нив ги разгледаа и производствените капацитети, машините на кои се врши печатењето.

Додека, во одделот за дизајн и подготовка кој е составен дел од севкупниот процес до изработка на финален производ учениците се информираа и за потребните вештини кои треба да ги поседуваат за таа работа. Учениците имаа можност да видат и дел од готовите производи.

Посетите на индустриските капацитети/фирми кои гравитираат на територијата на општината ќе продолжат да се одвиваат до крајот на мај. 

Споделете:

Scroll to Top