Search
Close this search box.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Хабитат Македонија

Меморандум за соработка меѓу општина Кисела Вода и здружението за хумано домување “Хабитат Македонија”, денес потпиша градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и извршниот директор на ова здружение Зоран Костов.

 

Воспоставената соработка која се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, ќе овозможи подготовка на Регистар на станбени згради и Регистар на управители, согласно Законот за домување.

Предвидените активности вклучуваат и обезбедување на совети за подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност во општината и подигнување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност.

Во периодот што следува, преку анкети ќе биде оформена електронска база на податоци која ќе биде од големо значение за граѓаните и општината. Освен системска евиденција на станбените згради и управителите, ќе се соберат и податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради.

На овој начин, општина Кисела Вода и здружението Хабитат заеднички ќе овозможат подобрување на квалитетот на домување и управувањето со станбените згради на овој дел од градот, како и подобрување на енергетската ефикасност, еколошки концепт за кој оваа локална самоуправа силно се залага. 

Споделете:

Scroll to Top