Денес во просториите на УЗ 11 Октомври – згради продолжува годинешниот „Шаховски турнир – Кисела Вода 2019“. Ќе се играат натпреварите од третото и четвртото коло.
Лидерот на табелата, екипата 11 Октомври – бараки во третото коло ќе се сретне со Пинтија, додека во четвртото коло противник ќе им биде цврстата екипа на Вембли. Ништо полесна работа ќе имаат и шахистите од Пржино. Во третото коло тие ќе се сретнат со шахистите од населба Драчево, додека, во четвртото коло ќе играат со „Општинарите“.
Инаку, по две одиграни кола ниту една екипа нема освоено максимален учинок. На табелата во водство се екипите на 11 Октомври – бараки, Пржино и Црниче со по 3 освоени бода пред Вембли, Пинтија и село Драчево со бод помалку.
Шаховски турнир – Кисела Вода 2019
Прво коло (петок,29.03.2019 конечни резултати): ОКВ – село Драчево 2:2, Пинтија – Пржино 1,5:2,5 , Црниче – Вембли 2,5:1,5 , 11 Октомври (бараки)- населба Драчево 4:0.
Второ коло (петок,29.03.2019 конечни резултати): Црниче- село Драчево 2:2,ОКВ -Вембли 1:3, 11 Октомври (бараки) – Пржино 2:2, Пинтија – населба Драчево 3:1.
петок, 05.04.2019.
Трето коло: Црниче -ОКВ, Вембли -село Драчево, 11 Октомври (бараки) -Пинтија, Пржино – Н.Драчево.
Четврто коло: Црниче – населба Драчево, 11 Октомври (бараки) – Вембли, ОКВ – Пржино, Пинтија – село Драчево.