Search
Close this search box.

Работна средба во општина Кисела Вода за изградба на градинка во Пинтија

Денес, во просториите на општина Кисела Вода, се одржа состанок помеѓу градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Бранко Лазаревски, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

 На оваа работна средба, на кој присуствуваше и тим од секторот за комунални работи и секторот за урбанизам од општината, се говореше околу можноста за реализација на проект за изградба на детска градинка во населба Пинтија. Објектот ќе се наоѓа во непосредна близина на подрачното ОУ “Рајко Жинзифов” и ќе има капацитет од 80 дечиња.

Изградбата на градинка во населбата Пинтија е предвидена со програмата за социјална заштита и социјална превенција на градоначалникот Беличанец-Алексиќ. Истата треба да обезбеди можност за прифаќање на дечињата во градинка, која би се наоѓала во непосредна близина на нивниот дом, а ќе се растеретат и капацитетите во постоечките градинки.

Споделете:

Scroll to Top