Утре во ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Драчево, со подршка од Општина Кисела Вода, Секторот за внатрешни работи – Скопје, одделение за превенција со почеток во 11:00 часот ќе ја реализира последната активност во рамки на Проектот за безбедност во училиштата.
Имено, во организација на Open Fun Football Schools учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Невена Георгиева – Дуња„, ќе одиграат ревијален натпревар во мал фудбал, ќе имаат можност да се дружат меѓу себе, како и да се запознаат со полициските службеници кои ќе бидат дел од оваа активност. Воедно, со оваа завршна манифестација ќе се одбележи и Денот на полицијата.
Реализацијата на овој проект/настан има за цел превенција од насилство, наркотични средства, говор на омраза на социјалните мрежи, како и спречување на други девијантни појави кај младите.
Воедно, на оваа завршна манифестација ќе присуствува градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.