Search
Close this search box.

Септичките јами во Кисела Вода-минато

13000 жители  на општина Кисела Вода ќе го решат деценискиот проблем со непостоење на фекална канализација, како дел од реализацијата на проектот “Изградба на фекална канализација во населено место Сопиште и локалитетот “Сончев град“ и одведување кон постоечките канализациони мрежи во Општина Кисела Вода и Општина Аеродрoм“ . Ова на прес конференција го објавија градоначалникот на општина Кисела Вода , Билјана Беличанец-Алексиќ  заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески,  градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Сопиште  Стефче Трпковски, како и директорот на ЈП „Водовод“, Бојан Василевски.

-Првата делница е со вкупна должина од околу 3,8 км. Тргнува од населеното место Сопиште, поминува низ населба Припор, по улицата „Христо Татарчев“, во општина Кисела Вода и завршува кај ницата бул „Србија“ со ул. „Борис Трајковски“. Втората е со вкупна должина од околу 7,0 км и води од населеното место Сопиште, поминувајќи  преку  регионалниот пат Р 302 и низ населено место Усје покрај Усјанскиот канал се врзува на постоечки коелктор на ул. “Никола Божинов” кој води кон препумпна станица во Аеродром- информираше Министерот Јанакиески.

Во Буџетот на Република Македонија (Министерство за транспорт и врски и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ) за буџетските 2015, 2016 и 2017 година за реализација на овој проект планирани се средства во висина од 306.007.218 денари.

-Денешниот ден е голем за жителите на Припор и Усје, Пинтија, Стаклара и Градинар.  Градењето на канализациската мрежа во овој дел на градот ќе одговори на потребите и барањата на околу  13 000 жители на општина Кисела Вода , значително ќе им го подобри и осовремени секојдневното живеење, што би значело дека септичките јами кои сега се користат, ќе станат минато, што секако, ќе придонесе за зачувување на животната средина и ќе придонесе во понатамошниот развој на општината . По завршувањето на примарната канализациона мрежа, на овој капитален проект на Министерството за транспорт и врски и градот Скопје, ќе се приклучи и општина Кисела Вода, преку изградба на секундарната канализациона мрежа-истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ .

Потенцираше дека само со заедничкиот пристап и добра соработка меѓу институциите успешно се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните.

Споделете:

Scroll to Top