Search
Close this search box.

Се собира кабастиот отпад низ општина Кисела Вода

Започнува дводневна акција за собирање на кабаст отпад низ општина Кисела Вода. Камионите на ЈП “Комунална хигиена” во соработка со општина Кисела Вода, од утрово започнаа да ги собираат стариот мебел, душеци и друг волуменозен отпад сличен на овој, кој граѓаните го имале во својот дом.

 

Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, акцијата се спроведува поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.

 

Денес ќе бидат опфатени жителите на урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври – згради, додека утре (05. 03. 2016 година) од 07,00- 11,00 часот, кабастиот отпад пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, ќе можат да го депонираат жителите на УЗ Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, како не би се загрозил сообраќајот за автомобилите и пешаците.

 

Споделете:

Scroll to Top