Search
Close this search box.

Собран кабаст отпад од Црниче и Пржино. Денес се собира во Цветан Димов и Бирарија.

Продолжува акцијата за собирање на кабаст отпад во Општина Кисела Вода.

Откако вчера сезонски работници ангажирани од страна на локалната самоуправа преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа ги подигнуваа старите и непотребни предмети со погабаритна големина од жителите на Пржино и Црниче, денес во четврток, 10.05.2018, акцијата продолжи во Цветан Димов и Бирарија.

Граѓаните од овие две урбани заедници кабастиот отпад треба да го изложат во периодот од од 07:00 до 11:00 часот, пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Општина Кисела Вода. Утре, пак, ќе се собира габаритниот отпад од урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. За останатите месни и урбани заедници кои ќе бидат опфатени во наредните седмици, жителите ќе бидат навремено известени преку општинската веб страница и преку референтите во подрачните канцеларии на нивните месни и урбани заедници.

Споделете:

Scroll to Top