Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Осумнаесеттата пленарна седница

Ве известуваме дека осумнаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода  ќе се одржи на 25 декември 201година (вторниксо почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред: 

 -Усвојување на Записникот од 14-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од 15-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од 16-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од 17-та пленарна седница

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2018 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2019 година;

3.Предлог-Програма  (J) – комунални дејности  на Општина Кисела Вода za  2019 година;

4.Предлог-Програма  Г10 – за локален економски развој  со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода за 2019 година;

5.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО)   – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода  за 2019 година;

6.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2019 година;

7.Предлог-Програма од надлежност В  -Предучилишно воспитување

и Програма ВА – Предучилишно воспитување за 2019 година;

8.Предлог-Програма  (Н1) основно образование и Програма (НА) основно образование  – капитални трошоци за 2019 година;

9.Предлог-Програма (ЛО) – спорт и рекреација за 2019 година;

10.Предлог-Програма за култура (К4) за културни манифестации и творештво – Предлог-Програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) и Предлог-Програма за работа на Дом на култура КВК Скопје за 2019;

11.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода во областа  за заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2019 година;

12.Решение за именување членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,, Скопје;

13.Решение за именување членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,, Скопје;

14.Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2019;

15.Советнички прашања;

Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

 

Споделете:

Scroll to Top