Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и шестата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и шестата пленарна седница на 19.06.2019 година (среда) со почеток во 14,00 часот.

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 -Усвојување на Записникот од 25-та пленарна седница

1.Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Кисела Вода за 2019 година;

2.Предлог-Развојна Програма – Програма од надлежност В-предучилишно воспитување и Програма ВА-предучилишно воспитување-капитални трошоци

-Изградба на нов објект -детска градинка во населба 11 Октомври згради Општина Кисела Вода за 2019-2021 година;

 3.Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлука за задолжување на средства добиени од меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку проектот за подобрување на општински услуги број 09-9158/3 од 2 ноември 2018 година и Одлуката за измена на одлука за задолжување на средства добиени од меѓународната банкја за обнова и развој (Светска банка) преку проектот за подобрување на општински услуги број 09-389/3 од 22 јануари 2019 година;

4.Предлог-Одлука за задолжување на средства добиени од меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку проектот за подобрување на општински услуги;

5.Предлог-Програма за измена и дополна на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2019 година;

6. Предлог-Одлука за усогласување на намената на градежно земјиште на КП 8733 и КП 8664 КО Драчево 2 во согласно со намената на бесправниот објект;

7.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;

8.Советнички  прашања;

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

Споделете:

Scroll to Top