Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осмата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осмата пленарна седница на 14 март 2022 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

 

1.Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и град Скопје за финансиско учество за изградба на атмосферска канализација по дел од улица Димо Хаџи Димов и улица Божидар Аџија – КРАК 2 во Скопје;

2.Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и град Скопје за изведба на фекална канализација во населба Градинар;

3.Усвојување на Годишен извештај на Oпштина Кисела Вода за 2021  година, со:

-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2021 година;

-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната  сметка на општина Кисела Вода за 2021 година;

-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2021 година;

-Извештај од одговорниот сметководител  за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2021 година;

4.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2021 година;

5.Извештај за извршениот попис на средствата и нивните извори со состојба на 31.12.2021 година;

6.Предлог-Буџетски календар на Oпштина Кисела Вода за 2022 година;

7.Советнички прашања.

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

Споделете:

Scroll to Top