Search
Close this search box.

Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи Осмата пленарна седница

Ве известуваме дека Осмата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 9 март 2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

1.Годишен Извештај (информација) за работа на Полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода,, за 2017 година;

2.Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2017  година, со:

-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2017 година;

-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната  сметка на општина Кисела Вода за 2017 година;

-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2017 година;

-Извештај од одговорниот сметководител  за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2017 година;

3.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2017 година;

4.Предлог-Буџетски календар на општина Кисела Вода за 2018 година;

5. Давање согласност на измените и дополнувањата  на Годишниот план за вработување за 2018 година од Јавна детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

6.Давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Кисела Вода за 2018 година;

7.Советнички  прашања;

 Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top