Со вчерашната победа над тимот од ООУ “Круме Кепески’, кошаркарите од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” се новите шампиони во кошарка на годинешните училишните спортски игри.
Во салата “Независна Македонија” во Општина Кисела Вода, во изминатите два дена се играа натпреварите меѓу најдобрите четири екипи од основните училишта од овој дел на градот. Наградите ги доделија градоначалникот на Општината Филип Темелковски, секретарот на Општината Александар Алексовски и Претседателот на Совет Дарио Шимиќ, како и претседателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода Јовица Ефтовски.
Редоследот на конечната табела изгледа вака:
Првото место го освои “Кузман Јосифовски Питу”;
Второто место го освои ООУ “Круме Кепески”;
Третото место за ООУ “Партенија Зографски”
Четврто место му припадна на ООУ “Кузман Шапкарев”.
За МВП на турнирот беше прогласен Павел Атанасов од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.
Со петочниот натпревар во кошарка, финализираа и годинешните училишните спортски игри во организација на неодамна возобновениот Општински сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода и Општина Кисела Вода. Во рамки на училишните лиги учествуваа спортските таленти од сите основни училишта од подрачјето на општината. За потсетување, титулата во футсал ја освои ООУ “Круме Кепески”,
додека во женска одбојка најдобри беа одбојкарките од ООУ “Партенија Зографски”.
Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода беше возобновен по 5 години, на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски кој смета дека спортот и спортските активности допринесуваат за правилен раст и развој кај учениците.
За истото, тој доби бладогарница од страна на престедателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода Јовица Ефтовски.