Search
Close this search box.

Трибина “Современ училишен спорт” во Кисела Вода

Во организација на Одделението за спорт на општина Кисела Вода во четврток  (13. 03.2014) во 13 часот и 30 минути, во Големата сала на општината ќе се одржи трибина на тема  “Современ училишен спорт”.

На трибината збор ќе земат претставници од Министерството за Образование и Наука, од Агенцијата за Млади и Спорт и Федерацијата за  училишен спорт, кои го поддржуваат организирањето на училишниот спортски систем преку формирање на училишни спортски клубови и нивно вклучување во општинското и регионално спортско дејствување.

Имајќи го во предвид значењето на спортот како еден од најзначајните фактори за здрав и правилен развој на учениците, во изминатиот деветгодишен период Општина Кисела Вода го возобнови и успешно го развива училишниот спорт на своја територија. Со тоа оваа локална самоуправа ја остварува својата значајна мисија – инвестирање во негувањето на културата за здрав живот, во психофизичкиот развој на личноста на ученикот и неговото правилно насочување.

Споделете:

Scroll to Top