Search
Close this search box.

Улиците во Општина Кисела Вода во вторник, среда и четврток ќе се расчистуваат со специјалните општински возила со канистри за вода

Во насока на создавање на чиста животна средина, Општина Кисела Вода овој месец ги зголеми активностите. Во сите месни и урбани заедници ќе се врши генерално чистење со специјалните општински возила опремени со канистри за вода. Ќе се преземаат групни акции за расчистување на мали и средни депонии, а кон крајот на месецов, Општината ќе започне со активности за собирање кабаст отпад, кои предвидено е да се одвиваат три седмици. За точниот датум на почетокот на активностите за собирање кабаст отпад граѓаните ќе бидат дополнително известени. 

 

 

Споделете:

Scroll to Top