Search
Close this search box.

Утре во Кисела Вода ќе се игра женско кошаркарско дерби

Во рамки на 12 – коло од Првата лига жени утре сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на домашен терен ќе им се спротивстават на девојките на ЖКК „Работнички“.

Овој натпревар кој е прв во вториот дел од првенството ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 17:00 часот. Влезот за љубителите на спортот е бесплатен.

Споделете:

Scroll to Top