Search
Close this search box.

Утре во Општина Кисела Вода НВО „Зелен институт“ ќе одржи јавна дебата

Утре во Општина Кисела Вода во организација на НВО „Зелен институт“ ќе се одржи јавна дебата на тема: План за комуникација и кампања против диво депонирање на отпад.

На оваа јавна дебата ќе се обратат, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“ и Христина Оџаклиеска, член на Советот на општината. На истата можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Настанот ќе се одржи со почеток во 10:00 часот во барака бр.7. Истиот е поддржан од страна на Општина Кисела Вода и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Споделете:

Scroll to Top