Search
Close this search box.

​Филмската уметност поблиску до граѓаните: Потпишан Меморандум меѓу Кисела Вода и Кинотеката

Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорот на Националната установа „Кинотека на Република Македонија“, Бошко Грујоски, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот има за цел унапредување и збогатување на културниот живот во Општина Кисела Вода преку реализација на заеднички проекти, кои ќе овозможат поголема достапност на културни простори, промоција на филмската уметност и организација на разновидни културни содржини. Во рамки на соработката, жителите ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатни филмски проекции, презентации и на други настани што ќе придонесат за подинамичен и поквалитетен културен живот на локално ниво.

-Со потпишувањето на овој Меморандум ја потврдуваме нашата посветеност кон културното збогатување на општината. Соработката со Кинотеката ќе овозможи уметноста и културата да бидат подостапни за сите жители на Кисела Вода, ќе создаде нови можности за културни случувања и ќе ја поттикне љубовта кон филмот и уметноста. Ваквите заеднички проекти ја градат културната сцена и го зацврстуваат идниот развој на локалната култура-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Споделете:

Scroll to Top