Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер, денес, ја посети општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ. На средбата беа презентирани потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
Амбасадорот Оер се интересираше за приоритетните активности и проекти кои ги презема општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните и ја потенцираше подготвеноста за соработка со општина како што е Кисела Вода, во која живеат околу 60000 жители. Порача дека француската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија .
Средбата со градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ помина во одлична атмосфера, со заеднички заклучок дека со овој чекор се продлабочува можноста за остварување на билатералната соработка преку реализирање на заеднички проекти.