Search
Close this search box.

Функционирањето на „Црвен крст“ претставено во Општина Кисела Вода

Во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа предавање за функционирањето на „Црвениот крст “.

Долгогодишниот член и волонтер на „Црвен крст“ – Скопје Димче Миланов дел од вработените во Општината ги запознаа со целите и активностите на организацијата од нејзиното формирање па се досега.

На предавањето кое беше информативно присутните имаа  можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа, а воедно даваа предлози за подобрување на работењето на организацијата.  

Изминатиов период Општина Кисела Вода во соработка со „Црвениот крст“ има спроведно повеќе успешни крводарителски акции, кампањи и проекти.

Споделете:

Scroll to Top