Општина Кисела Вода, преку Одделението за предучилишно воспитување, заедно со двете јавни детски градинки од истата општина, ЈДГ„Весели Цветови“ и ЈДГ„ 8 март“ , во текот на изминатите два месеци организираше повеќе различни хуманитарни акции. Рeализацијата на овие настани продолжува и во текот на месец декември, во вид на Новогодишни базари.
Под мотото “Да им се помогне на оние на кој тоа им е најпотребно“, се собраа парични средства наменети за четиригодишната Јана Грковска, на која овие средства и се потребни за нејзино лекување во Р.Германија.
На денешниот целодневен новогодишен базар во ЈДГ„ 8 март“во објект Расадник беше присутна и малата Јана заедно со своите родители. На иницијативата на раководителот на Одделението за предучилишно воспитување при општина Кисела Вода, одговорија и вработените и диекторките од двете градинки, но и многу хумани дечиња и нивните родители.