Search
Close this search box.

Чист оџак за топол, безбеден дом и поздрава животна средина

Со цел превентивно делување и спречување на потенцијални пожари, општина Кисела Вода ги повикува сите жители на оваа територија кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците. Нивната неисправност и нередовно чистење и одржување претставува сериозна опасност која може да има немерливи последици. Имено, неисчистениот оџак значи ризик од пожар, зголемена емисија на штетни гасови и до 20% поголема потрошувачка на енергија. Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната.

Споделете:

Scroll to Top