Search
Close this search box.

Јавен повик од Општина Кисела Вода за програмата”ХУМАНА КОНТРОЛА НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ”

Врз основа на Меморандумот за соработка бр.08-7131/1, склучен на ден 09.08.2018 година, помеѓу Општина Кисела Вода, Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, на ден 24.08.2018 година, Општина Кисела Вода објавува Ј А В Е Н    П О В И К до сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните со адреса на седиште и живеалиште на територија на Општина Кисела Вода.

 

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните со адреса на седиште и живеалиште на територија на Општина Кисела Вода, да земат учество соодветно на нивните желби и можности, во програмата ХУМАНА КОНТРОЛА НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ.

Во правец на успешно спроведување и реализирање на програмата, Општина Кисела Вода ги замолува сите заинтересирани граѓански здруженија и активисти, да достават список на волонтери (така наречени старатели), кои ќе прифатат без надомест да ги извршуваат следниве обврски:

  • Пријавување единки за кастрација / стерилизација;
  • Обезбедување помош на стручните служби од ЈП Комунална хигиена, за похумано и полесно заловување на бездомните кучиња и други животни;
  • Следење на состојбата на кучето за време на престојот во стационарот “Вардариште“;
  • Помош при вдомување на единките;
  • Постојана комуникација со стационарот “Вардариште“ и пристап до кучињата за кои се одговорни.

 

Лице за контакт:

–          Горан Петковски, одговорно лице за координација на активностите на Градоначалникот,

070/246-176, goran.petkovski@kiselavoda.gov.mk

–          Ана Ѓуроска, координатор на иницијатива, 078/226-148, ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk

 

 

Општина Кисела Вода

                                                                                                                                                                                                   Градоначалник

                                                                                                                                                                                              Филип Темелковски

Споделете:

Scroll to Top