Search
Close this search box.

Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода

Oпштина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на  29.07. и 30.07. 2016 година, од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад  на територија на општината.

 

Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

29.07. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ. Драчево и МЗ. Припор.

30.07. 2016 годинаод 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври згради

Општина Кисела Вода упатува апел до сите граѓани отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се згрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет, освен градежен шут и комунален отпад.

Споделете:

Scroll to Top