Search
Close this search box.

Бадел 1862 ќе играат во финалето на плеј-офот

Најтрофејниот женски кошаркарски шампион на Македонија, Бадел 1862, денеска во финалето на кошаркарскиот плеј-оф ја почнува борбата за шампионската титула. Противник на првоплигашот од Кисела Вода е тимот на Крива Паланка, кој годинава игра во врвна форма. Инаку ова е 24-то финале на кошаркарките од Кисела Вода кои досега имаат освоено 14 шампионски титули.

-Имаме континуитет, страст и победнички менталитет. Нашиот тим може секого да победи. Тоа го докажавме и во оваа сезона. Сепак, ова е финале а низ историјата докажавме дека знаеме да победуваме. Сега одиме по 15-тата титула, токму во годинава кога славиме 50 години постоење. Но, историјата продолжува, борбата за  спортски престиж и врвни рерзултати никогаш не запира, -истакна претседателот  на Бадел 1862 и менаџер на тимот  Љупчо Павловски

Инаку, натпреварот согласно кошаркарските правила се игра според системот ,,подобар во пет натпревари”.  Првите две се на програмата во Крива Паланка. Денешниот натпртевар се игра во 20.40 часот во спортската сала ,,Бранители 2011“ со директен пренос на МРТ.

Споделете:

Scroll to Top