Search
Close this search box.

Благодарност од српскиот амбасадор до општина Кисела Вода. Кисела Вода им благодари на граѓаните.

Амбасадорот на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак-Томиќ денеска им се заблагодари на сите оние кои донираа за помош на поплавените подрачја во нејзината земја. На приемот во Амбасадата на Србија им беа врачени благодарници на донаторите на хуманитарна помош.

– Поводот поради кој сме денеска овде е исклучителен по својата суштина – истовремено многу тажен, но и исклучително пријатен. Тажен бидејќи нашата денешна средба, така да кажам е „изнудена“ со природната катастрофа која ја зафати Република Србија, со трагични последици по човечките животи, личниот имот на илјадници нејзини граѓани, на нејзиното стопанство, инфраструктура и друго. Размерите на штетата се такви што нивното санирање ќе биде долгорочен процес, кој ќе бара многу енергија и парични средства, но и солидарност. Од друга страна, во сите нас преовладува чувство на човечка топлина и задоволство што со ова е потврдена традиционалната блискост и пријателство измеѓу нашите народи и држави, рече Дивјак-Томиќ на денешниот прием.

Благодарница  за помошта беше врачена и на градоначалникот на општина Кисела Вода,Билјана Беличанец-Алексиќ.  Општина Кисела Вода, преку јавниот повик до сите жители на оваа територија, успеа да собере цел шлепер со хуманитарна помош за  поплавените подрачја. На предлог на градоначалникот, Советот акламативно  ја изгласа одлуката на загрозените семејства од поплавите да им се исплатат 300 000 денари од Буџетот на општината од ставката Постојани резерви (непредвидливи расходи), а советниците да донираат 25% од својот паушал.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, уште еднаш ја користи оваа прилика, да им се заблагодари на сите волонтери, сите граѓани, сите вработени во општината  кои несебично учествуваа во  реализацијата на хуманитарната акција “Да подадеме рака”.  Благодарност упатува и и до сите фирми кои дејствуваат на оваа територија,а одлучија да донираат. Несебичната заложба да му се помогне на оној кој е во неволја говори многу големината и хуманоста на жителите на оваа територија.

Споделете:

Scroll to Top