Search
Close this search box.

Вечна ти слава, Гоце МАКЕДОНЕЦУ!

Денес, кога ја чествуваме 151-та година од раѓањето на Гоце Делчев, повеќе од било кога досега сме свесни за неговите битки, за борбата за сочувување на своето, на македонското, за тоа колку е големо и историски тешко македонското име.

 

Како пример на своето време, преку својата визија и храброст, Гоце Делчев ни го остави своето дело, својата визија и патоказот кон силна и обединета Македонија.
Испречени пред неправдите, пред обидот за грабеж на македонската историја и негирање на македонскиот бит, со гордост се поклонуваме пред нашиот и само наш македонски херој!

Борбата на Гоце продолжува.

Опстанокот на вистината за Македонецот мора да остане жив.

Тоа е наш завет, аманетот на оваа и сите следни генерации!

Гоце е Македонија и за тоа нема никаков компромис!

Да живее Република Македонија!

Споделете:

Scroll to Top