Драчево добива нов, модерен спортски објект. Денес свечено започна изградбата на еден од најголемите и најсовремените фитнес и бодибилдинг центри во Македонија. Новиот објект, „Olympia Fitness“, ќе се простира на површина од 2.850 квадратни метри и претставува приватна инвестиција вредна над еден милион евра. Центарот ќе понуди врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух, а ќе отвори и нови 20 работни места за жителите на општината.-Ова е инвестиција вредна над еден милион евра, која ќе создаде 2.850 квадратни метри софистициран простор за спорт и рекреација, и ќе обезбеди нови работни места за околу 20 наши сограѓани. Ова ќе биде центар кој ќе овозможи на граѓаните врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешниот настан.Тој потенцираше дека ваквите проекти не се случајност, туку резултат на зголемената доверба што Општина Кисела Вода ја има стекнато кај инвеститорите во последните неколку години.-Инвестициите како оваа не се случајност. Тие се резултат на зголемената доверба која нашата општина ја стекна кај инвеститорите. Денес, Кисела Вода е препознаена како средина што нуди стабилност, транспарентност и поддршка за сите што сакаат да вложат и да градат. Нашиот пристап е јасен – работиме законски, посветено и со визија за подобра иднина- додаде Ѓорѓиевски.Изградбата на „Olympia Fitness“ е само дел од поголема стратегија за развој на спортската инфраструктура во општината. Во изминатите 3.5 години, се работеше интензивно на изградба и реконструкција на спортски терени, сали и центри ширум Кисела Вода.

-Како градоначалник, силно сум посветен на изградбата на спортска инфраструктура. Во изминатиот период, работевме на изградба и реконструкција на спортски терени, спортски сали и спортски центри ширум целата општина, а привршува и целосната реконструкција на салата “Расадник”. Создаваме нови простори каде што спортот и рекреацијата ќе станат достапни за сите, бидејќи здравата младина и активното население се основа за силна заедница- рече тој.Со овој нов проект, Драчево добива не само нова локација за тренинг и спорт, туку и симбол на развојот и визијата за една поинаква, модерна и функционална општина. Кисела Вода продолжува да се позиционира како општина на инвестиции, активен живот и здрави генерации.
