Search
Close this search box.

Во Кисела Вода во недела ќе се игра женски фудбал

Во недела љубителите на женскиот фудбал ќе имаат можност на стадионот ССК Младинец во Драчево да проследат шест фудбалски натпревари.

На овие фудбалски натпревари кои се во организација на ЖФК Џиџи од Општина Кисела Вода, силите на теренот ќе ги одмерат девојките од клубовите ЖФК АС Јунајтед – Струга , ЖФК Билјанини извори –  Охрид, ЖФК Шарпланинка – Тетово, ЖФК Порече – Македонски брод, ЖФК Младост – Демир Хисар и ЖФК Топ Гол – Битола. Турнирот ќе започне во 10:00 часот и истиот ќе се одвива се до 17:00 часот.

Имено, овие натпревари се дел од Женската младинска лига регион А. На истите ќе се натпреваруваат фудбалерки од 11 до 15 годишна возраст.

За потсетување, Општина Кисела Вода на 23 спортски субјекти им додели материјална помош, еден од клубовите кои ја доби истата е женскиот фудбалски клуб Џиџи. Оваа помош им беше доделена на клубовите кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на општината.

Споделете:

Scroll to Top