Search
Close this search box.

Во Кисела Вода се врши санација на урбаната опрема, детските и спортски игралишта

Општина Кисела Вода спроведува акција за санација на урбаната опрема, спортските и детски игралишта во сите урбани и месни заедници на својата територија.

Со акцијата која локалната самоуправа ја започна минатиот месец досега целосно реконструирани и обновени се детските игралишта на ул. Јабланица, на ул. Малешевска, на ул. Киро Фетак, во МЗ Подстаница, во месноста Дупки, а обновени се и две детски игралишта во село Драчево.  

Целосна реконструкција е извршена и на урбаната опрема, спортското и детско игралиште на ул. Димо Хаџи Димов, во паркот Македонија санирани се и детското игралиште и урбаната опрема, како и детското игралиште и урбаната опрема во паркот на ул. Коперникова. Завршена е и реконструкцијата на детското игралиште „Детски сон“ во Пинтија, во истата месна заедница санирана е и урбаната опрема околу игралиштето.  Покрај ова, на две јавни чешми во село Драчево поставени се информативни табли за забрането пиење на водата. Додека, во повеќе месни и урбани заедници поставени се и 14 табли за забрането фрлање на шут. Со оваа акција, на мостот на ул. Киро Фетак поставена е ограда.

Акцијата продолжува да се одвива се до завршување на активностите за реконструкција и обнова на урбаната опрема на цела територија на Општина Кисела Вода. Истата ја врши фирмата „29 Ноември“ – Скопје.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани да ја чуваат сега обновената урбана опрема,  детските и спортски игралишта како би допринеле истите да останат во употреблива состојба.

Споделете:

Scroll to Top