Search
Close this search box.

Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг

Денес во организација на Општина Кисела Вода во Паркот на бранителите, во населба Драчево се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор.

На овој забавен настан ученците од општинските основни училишта и двете училишта за деца со пречки во развојот лоцирани во Кисела Вода пред присутните преку изведбите на бројните музичко-ритмички точки и одлично насликаните ликовни дела го покажаа својот  талент. Настанот во Кисела Вода се одржа по деветти пат.

Општината и во иднина ќе продолжи да организира и да поддржува настани што ќе имаат за цел пронаоѓање на нови таленти помеѓу учениците.

Споделете:

Scroll to Top