Search
Close this search box.

Во ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево се реновираат санитарните јазли

Општинското основно училиште „Кузман Шапкарев“ од Кисела Вода вклучено е во проектот на Министерството за образование и наука за „Изградба и реновирање на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта“. 

Во периодот што следува во ова училиште ќе се реновираат сите санитарни јазли кои досега не биле обновени, со што за учениците и вработените ќе се овозможат подобри услови. Според договореното реконструктивните зафати кои започнаа минатиот месец ќе се одвиваат во период од 6 месеци. Инвеститор е Министерството за образование и наука.

Споделете:

Scroll to Top