Search
Close this search box.

Во Општина Кисела Вода се одржа ОТВОРЕНА ТРИБИНА со градоначалникот Филип Темелковски

На ден 17.09.2018 година, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, како модератор, ја водеше ОТВОРЕНАТА ТРИБИНА, со граѓански здруженија, активисти и волонтери кои делуваат на територија на Општина Кисела Вода.

На отворената трибина градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претставниците од организациите од цивилниот сектор дискутираа и разменуваа идеи за соработка пред претстојниот референдум, закажан на 30-ти Септември, 2018 година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, истакна дека има целосно разбирање за чувствителноста на тема референдум, но дека и како политичар и како градоначалник, чувствува обврска и потреба да дискутира и делува позитивно за сите други работи кои ги засегаат граѓаните, дека така треба да се дискутира и на тема референдум. Притоа, смета дека ќе ги исполни потребите на сите граѓани, со сите различни ставови кои ги имаат, и за, и против и воздржани, како и дека е нормално да го каже својот став, кој е соодветен на ставот и потребата која се констатира, а тоа е дека е потребно да се излезе на референдум, да се гласа, и тоа за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО со подршка на договорот со Република Грција, затоа што меѓу другото, ќе се зголеми бројот на европските фондови и износот на средства до кои ќе имаме пристап, а со тоа ќе има можност и средства да се решат многу повеќе потреби на граѓаните на општината и на Република Македонија.

Во дискусијата, иако сите се согласни дека целта на Република Македонија е влез во ЕУ и НАТО, имаше малку различни ставови околу начинот и патот како да се стигне до целта, но во глобала, општиот заклучок на присутните на трибината по оваа точка е дека сериозен пристап на граѓанските здруженија е да се подржи ставот на досегашни европски партнери и соработници на здруженијата, а нивниот став е дека е време Република Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.

Од дискусијата со присутните граѓански здруженија, активисти и волонтери, заклучоците за се следни:

Желба и можност за партнерство и соработка има, заеднички став е дека умрежувањето е битно за успешно делување и постигнување на резултати. За таа цел заеднички ќе се договори стратегија и начин на делување, во кои пред се ќе се внимава да идеите бидат инвентивно издржливи, согласно ставовите на европските фондови. Ќе бидат вклучени и стручни и искусни лица кои инвентивните издржливи идеи ќе ги “спакуваат“ на правилен начин во потребната документација. Општината ќе обезбеди буџет, со кој од 10% до 30% ќе може да кофинансира во проектите, но ќе продолжат иницијативи за да делувањето се прошири и со останатите кои од соодветни причини не беа присутни, а се со една иста заедничка цел, успешна реализација на проекти потребни за граѓаните преку обезбедување средства од европските фондови.

 

 

Споделете:

Scroll to Top