Во сабота, 17.08.2019 год, на Три круши во селото Драчево, започнува културното лето на Општина Кисела Вода.
Се до 31 август, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на бројни популарни изведувачи како Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени Шаќири, КУД Китка, Анастасија Петреска, Сузана Спасовска, група Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Александар Митевски заедно со Драган Спасов Дац, Кристина Арнаудова, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Таневски… Сите настани започнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Свеченото отворање е на Три Круши во селото Драчево, а музички случувања ќе има и во паркот Шопен, како и во паркот Македонија.