Search
Close this search box.

Во тек е голема акција за пролетно расчистување на Кисела Вода

Акцијата за пролетно расчистување која Општина Кисела Вода ја започна неодамна, продолжува да се одвива и денес.

Утринава околу 50 сезонски работници ангажирани од страна на општината, преку секторот за месна самоупрва и социјална заштита излегоа на терен и преземаа работни активности за расчистување  во село Драчево, Пржино и Црниче.

Се чистат тревните површини, парковите, тротоарите и улиците кои се во надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, се кастрат и исушените гранки од дрвајата и грмушките.

Започнатите работни активности за пролетно расчистување на Општина Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат во наредните 15 дена.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина. 

Споделете:

Scroll to Top