Вчера градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев, тим од стручните служби од општина Кисела Вода, јавните претпријатија на град Скопје како и претставници од други институции остварија работна средба со жителите на месните заедници Пинтија и Стаклара – Камник. Граѓаните од овој дел на градот, имаа можност да побараат решение за проблемите со кои се соочуваат.
Градоначалникот во Пинтија ги информираше жителите за досега сработеното, за изработка и реконстуркција на краци на неколку улици, за асфалтирање на улица 1439, Јабланица и Саса и крпење на ударни дупки по улици Саса и Саса 12, како и за тековното одржување на уличното осветлување.
Во тек се и градежните активности за изградба на детската градинка во Пинтија која е целосна инвестиција на општина Кисела Вода и е во вредност од 19 500 000 денари. Објектот кој беше дел од ветувањето на градоначалникот ќе се протега на 480 квадратни метри и ќе има капацитет да прими 80 до 90 дечиња дечиња.
Беа презентирани и идните планови за подобрување на условите за живеење како изработка на сообраќаен проект за режим на сообраќај на улица 440, во изработка е градежен сообраќаен проект за улици Саса и Саса 2 до раскрсница со улица 1440, во изработка е проект за реконструкција на улица Саса 2 и за тековно одржување на улично осветлување.
Во МЗ Стаклара – Камник градоначалникот ги запознаа граѓаните со идните планови, во фаза е изработка на проект за реконструкција/рехабилитацција на коловоз на булевар Борис Трајковски крак 34, од пролет планирано е да се почне со санација крпење на ударни дупки, како и за тековното одржување на уличното осветлување.
Посетата на месните и урбаните заедници во општината продолжува на 22.09.2015 год. во урбаните заедници 11 Октомври бараки во 18:30 и во 11 Октомври згради во 19:30 часот.