Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ и министерот Јанакиески доделија 50 решенија за легализација

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес, во големата сала на општината, заедно доделија нови 50 решенија за легализација. Заклучно со денешниот ден, легализирани се вкупно 3504 дивоградби, или една третина од поднесените 11 877 барања за добивање на правен статус на објектот, со што општина Кисела Вода се етаблираше како локална самоуправа со најдобра динамика на легализација на дивоградбите.

 

-За општина Кисела Вода беше, и останува да биде, императив – ефикасноста во спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови. Ние, како локална самоуправа, вложивме максимални напори целокупниот процес непречено и динамично да тече, воведувајќи повеќе технички мерки за засилување на динамиката на работа-истакна во своето обраќање градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Наведувајќи ја бројката од 3504 решени предмети, таа нагласи дека бенефитот од легализацијата е заеднички.

-Заклучно со денешниот ден, имаме издадено 3504 решенија, со кои сопствениците веќе можат да земаат кредит, хипотека, имотот ќе можат да го остават во наследство на своите поколенија. Општината пак, може да носи нови урбанистички планови, во кои ќе ги впише новолегализираните објекти. На овој начин, сите заедно даваме свој удел во рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Заедно учествуваме во креирањето на средина во која секој од нас сака живее-наведе градоначачлникот Беличанец-Алексиќ

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во своето обраќање, ја истакна успешноста на процесот на легализација, преку бројот на решени предмети на ниво на Република Македонија.

-Заклучно со вчерашниот ден, од поднесените 350 000 барања за легализација на бесправно изградените објекти, до сега решени и заведени во Агенцијата за катастар на недвижности се 116 933, или 36% од вкупнитиот број на барања. Сакам да потенцирам дека рокот до 31 декември е краток, па би апелирал до сите оние кои немаат доставено геодетски елаборат да побрзаат и да не го чекаат последниот рок бидејќи геодетските фирми ќе немаат доволно време да ги изработат сите елабоати. После овој рок, ќе нема пролонгирање-истакна министерот Миле Јанакиески, уште еднаш, честитајќи им на сите жители на општина Кисела Вода кои ги решија своите проблеми преку легализација на своите домови.

 

Споделете:

Scroll to Top