Search
Close this search box.

Градоначалникот Филип Темелковски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча договорија повеќе зеленило во Кисела Вода

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет се сретна со Ардијан Муча, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Градоначалникот Темелковски и директорот Муча дискутираа за реализација на заеднички проекти кои ќе допринесат за повеќе зеленило и одржување на чистотата во Кисела Вода. Темелковски ја нагласи и потребата за изградба на нови паркови на територијата на општината.

На крајот градоначалникот и директорот нагласија дека досегашната  успешна соработка помеѓу Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе продолжи во иднина со активности кои ќе придонесат за квалитетен живот на граѓаните.

Споделете:

Scroll to Top