Search
Close this search box.

Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со членови на клубот „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски оствари средба со дел од членовите на клубот „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“.

На средбата натпреварувачите на клубот од Кисела Вода заедно со нивниот тренер, Ивица Алексовски, градоначалникот Темелковски го запознаа со досегашните постигнати успеси на меѓународните и државни натпреварувања, а му ги претставија и идните планови.

Градоначалникот Филип Темелковски нагласи дека клубот „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ ќе продолжи да ја има неговата поддршка во развојот на спортот.

На состанокот присуствуваа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски.

Споделете:

Scroll to Top