Search
Close this search box.

Градоначалникот Филип Темелковски ја проследи новогодишната претстава во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во придружба на секретарот Александар Алексовски во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ вчера ја проследи новогодишната претстава: „Сите наши срца чукаат во едно, најубавите новогодишни честитки ќе Ви ги испратиме заедно“. 

Претставата со својот одличен настап ја збогатија и ја отворија дечињата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

На овој настан пред големиот број присутни учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ и од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ изведоа повеќе ритмичко – музички точки преку кои ги покажаа своите способности.

 

Изведбите на точките децата ги подготвуваа со своите наставнички  и негувателки. За успешна реализација на претставата голем број правни субејкти донираа новогодишни пакетчиња и други подароци.

ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ потпишаа меморандум за соработка во текот на 2019 година која ќе има за цел преку заедничките активности подигнување на јавната свест за децата со попреченост на територијата на општината и надвор од неа. Присутни на настанот беа и претставници на ПСОН Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top