Search
Close this search box.

Денес во Кисела Вода по повод Светскиот ден на дијабетесот ќе се игра женска одбојка

По повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември, со поддршка на градоначалнците на Општина Кисела Вода и Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов, во Кисела Вода ќе се одигра Ревијален натпревар во женска одбојка.

Во спортската сала „Независна Македонија“, денес, со почеток во 20:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат  женските екипи на Селекција на Градскиот одбојкарски сојуз „Сити Старс“ – Скопје и „Јанта Волеј“ од Кисела Вода.

На натпреварот девојките од одбојкaрските клубови во знак на поддршка на лицата со дијабетес и Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МK ќе носат дресови со син круг кој симболизира единството во борбата со дијабетесот во светот.

 

Споделете:

Scroll to Top