Search
Close this search box.

Дискусија „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“ се одржа во Општина Кисела Вода

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа отворена дискусија на тема „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“.

Претставници од Општина Кисела Вода, членови на Советот на Општината заедно со претставниците на граѓанските организации дискутираа за можна идна реализација на проекти на територијата на локалната самоуправа.

Можностите за проекти финансирани од Европската Унија, програми и фондови на присутните им ги објасни Зоран Стојковски, директор на ПРОЕФЕКТ.

Присутен на настанот беше секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски.

Споделете:

Scroll to Top