пштина Кисела Вода прави сериозни чекори во насока на енергетска ефикасност, заштита на животната средина и модернизација на образовните установи. Во рамки на проектот за поставување на фотоволтаични системи во сите основни училишта, веќе се инсталирани он-грид панели со капацитет до 20 киловати во четири училишта: ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ООУ “Партенија Зографски”, ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ и ООУ„Круме Кепески“.Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, активностите продолжуваат со засилено темпо, со цел до средината на месец мај сите основни училишта во општината да бидат целосно опремени со сопствени фотоволтаици, што ќе ги направи енергетски ефикасни и финансиски одржливи институции.-Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици! Продолжуваме со унапредување на енергетската ефикасност и одржлив развој во училиштата во нашата општина. Досега, фотоволтаични системи се поставија во ООУ ‘Кирил Пејчиновиќ’,

ООУ “Партенија Зографски”, ‘Кузман Јосифовски-Питу’ и ‘Круме Кепески’, а до средината на месец мај сите училишта на територијата на Кисела Вода ќе бидат енергетски ефикасни“, истакна градоначалникот.Со поставувањето на овие фотоволтаици, училиштата ќе генерираат сопствена електрична енергија, што ќе значи значителна заштеда на финансиски средства, кои досега се трошеа за сметки за струја. Овие средства, отсега ќе се користат за подобрување на условите за настава и подобрување на целокупниот воспитно-образовен процес. Покрај тоа што директно се намалуваат трошоците, овој проект има и еколошка димензија, бидејќи се намалува зависноста од фосилни горива и се придонесува за чиста и здрава животна средина.-Со поставувањето на овие он-грид фотоволтаични системи до 20 KW, правиме огромен чекор кон заштеда на енергија, намалување на трошоците и зачувување на животната средина. Тоа пак, значи и дека средствата кои досега се трошеа за електрична енергија ќе се пренасочат во подобрување на наставните услови и процесот на образование-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.Проектот е реализиран со поддршка од повеќе институции, вклучувајќи ја Владата на Република Македонија, Министерството за образование, како и Бирото за регионален развој и Скопскиот плански регион, за што градоначалникот изрази јавна благодарност.-Изразувам огромна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за образование, БРР и Скопски плански регион, како и до сите институции кои придонесоа за реализацијата на овој значаен проект. Истиот е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за модернизација на јавната инфраструктура, еколошка одговорност и подобрување на квалитетот на живеење. Во изминатите три години, општината стана водечки пример за енергетски и урбан развој, инвестирајќи во училишта, градинки, спортски комплекси, дигитализација, како и капитални проекти кои директно го подобруваат животот на граѓаните. Нашата визија за модерна и еколошки одговорна општина продолжува-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.